Во рамките на своето делување Стопанската интересна заедница македонија Сообраќај АМЕРИТ врши голем број активности од интерес на своите членки. Поважни активности се следниве:
- Презентирање и актуелизирање на проблемите кои се од особена важност за јавниот патен сообраќај пред надлежните државни органи и организации во земјата;
- Контакти и соработка со надлежните органи и организации во Р. Македонија и во странство заради разрешување на присутните актуелни проблеми;
- Континуирано ангажирање кај надлежните органи во Републиката за давање стручна помош при склучувањето на бројни билатерални спогодби од областа на сообраќајот во останатите држави во опкружувањето и други европски земји;
- Соработка со асоцијациите од јавниот патен сообраќај во другите држави.
Во областа на превозот на патници, за своите членки ги врши следниве работи:
- ги снабдува со потребните обрасци, превозни и други исправи, потребни за вршење на меѓународен и внатрешен превоз на патници;
- врши стручни работи во врска со усогласувањето и регистрацијата на возните редови во линискиот превоз на патници:
- обезбедување заедничка распоред за одржување на автобуските линии.
Во областа на превозот на стока, ги врши следните работи: 
- ги снабдува членките со потребните обрасци, превозни и други исправи (ТИР-Карнети и др.), потребни за вршење меѓународен и внатрешен превоз на стока;
- ги информира за сите правила и измени во меѓународниот патен транспорт
Како членка на меѓународната унија за патен транспорт ИРУ од Женева, АМЕРИТ е асоцијација-гарант за вршење меѓународен транспорт на стока по системот ТИР, кој овозможува брз транспорт на стока без отварање и контролирање на камионите од страна на царинските власти.
- изнаоѓање, организација и реализација на масовни и поединечни превози во меѓународниот и внатрешниот превоз на стока;
- изготвување на договори и акти од областа на меѓународниот и внатрешниот превоз на стока.
Во рамките на Заедницата функционира и Центарот за обука, во кој се спроведуваат повеќе видови стручни обуки, и тоа: обука за добивање сертификат за професионална компетентност за управителите на транспортните компании, обука за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен транспорт, како и организирање на предавањата и испитите за АДР сертификати, како за возачи така и за советници. Од мај, 2011 година, Центарот за обука стана Акредитиран центар на ИРУ (ATI - Accredited Training Institute) за спроведување на обуки за користење на дигитални тахографи.
СИЗ за патен транспорт Македонија Сообраќај АМЕРИТ е и претставник на DKV Euroservice за Македонија, и е овластена да издава DKV картички кои транспортните компании можат да ги користат за безготовинско плаќање во странство (гориво, патарини, давачки за тунели и мостови, поправки на возилата и сл.)
Покрај овие активности од областа на патничкиот и товарниот патен транспорт, асоцијацијата врши и други активности, како што е повраток на ДДВ од странство, проучување на прописи и стандарди во земјата и странство, изработка на посебни анализи и стручни елаборати во врска со тековното работење и развојот и сл.
СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ доби и јавно овластување за издавање на мемориски картички за дигитални тахографи.
СИЗ Македонија Сообраќај
АМЕРИТ Скопје
Бул. Партизански Одреди
бр. 17/4, 1000 Скопје
тел. +389 (0)2 3298 967
факс.+389 (0)2 3298 968
email: amerit@amerit.org.mk
Центар за обука
Градски Ѕид, блок 13
1000 Скопје
П.Фах 606
тел. +389 (0)2 3298 224
факс.+389 (0)2 3298 264
email: obuka@amerit.org.mk