Претпријатијата од областа на патниот транспорт во Република Македонија, заради остварување и унапредување на заедничките цели и интереси, организирани се во Стопанската интересна заедница за патен транспорт, согласно Законот за трговските друштва. Заедницата делува под името Стопанска интересна заедница за патен транспорт „Македонија Сообраќај “ АМЕРИТ - Скопје, со седиште во Скопје, ул. Градски ѕид, Блок 13, ЕМБГ:5422884 и законски застапник Управител Златко Кочовски. Претежна дејност на Заедницата е 52.29 – Други придружни дејности во превозот. Во овој момент заедницата има регистрирано 298 основачи-правни лица од јавниот патен сообраќај, како и 189 асоцијативни членови.
Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија Сообраќај АМЕРИТ е формирана во 2000 година, како наследник на деловната заедница за патен сообраќај Македонија Сообраќај, формирана во 1974 година, која пак произлезе од првото здружение на јавниот патен сообраќај, основано во далечната 1953 година.

Од 1993 стопанската интересна заедница е членка на меѓународната унија за патен транспорт ИРУ со седиште во Женева, преку која ги заштитува интересите на своите членки во меѓународните институции и форуми.
Основачите и членовите на Стопанската интересна заедница се правни лица како од областа на превозот на стока, така и од областа на превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
Стопанската интересна заедница во рамките на своите активности ги проучува прописите и стандардите во земјата и странство, изработува посебни анализи и стручни елаборати во врска со тековното работење и развојот на транспортните фирми, издава ТИР карнети, врши стручно оспособување на возачите за превоз на опасни материи, на советниците за безбедност при превоз на опасни материи, стручно оспособување за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот превоз на патници и стока, како и сертификат за професионална компетентност на управителот на транспортната фирма.
Во стопанската интересна аедница се организирани претпријатијата од областа на патниот транспорт во Република Македонија, а со цел остварување и унапредување на заедничките цели и интереси. Во моментов во Заедницата се регистрирани 330 транспортни претпријатија-членки, кои располагаат со капацитет од 2200 товарни возила, 600 автобуси и околу 6000 вработени.
СИЗ Македонија Сообраќај
АМЕРИТ Скопје
Бул. Партизански Одреди
бр. 17/4, 1000 Скопје
тел. +389 (0)2 3298 967
факс.+389 (0)2 3298 968
email: amerit@amerit.org.mk
Центар за обука
Градски Ѕид, блок 13
1000 Скопје
П.Фах 606
тел. +389 (0)2 3298 224
факс.+389 (0)2 3298 264
email: obuka@amerit.org.mk